Бундеслига

Левандовски шкртна уште еден клуб, конечно погоди против Фортуна Дизелдорф во убедливиот триумф од 5-0 (ВИДЕО)

Роберт Левандовски може да се пофали дека ги тресел мрежите на сите 18 екипи кои оваа сезона се дел од Бундеслигата откако конечно погоди против Фортуна Дизелдорф во победата на Баерн Минхен од 5-0.

Откако во вторникот ја доби дерби пресметката со Борусија Дортмунд и направи значаен исчекор кон нова титула, вечерва Баерн имаше лесен тренинг против Фортуна Дизелдорф.

Избраниците на Флик славеа со убедливи 5-0 и сега се на +10 на врвот на табелата.

Домаќините поведоа во 15. минута со автоголот на Јоргенсен, Павар ја дуплираше предноста по половина час игра, а пред крајот на првиот дел Левандовски реализираше за 3-0.

Овој погодок на Полјакот му беше особено драг, тој до сега на пет меча против Фортуна немаше постигнато гол, па сега може да се пофали дека ги тресел мрежите на сите 18 екипи кои оваа сезона се дел од Бундеслигата (Против Баерн има постигнато гол во дресот на Борусија Дортмунд).

На стартот од вториот дел, Левандовски погоди по втор пат за 4-0, а 120 секунди подоцна, Алфонсо Дејвис го постави конечниот резултат.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе