Напаѓачот се збогува со „баварците“

Левандовски се врати во Минхен да им подели подароци на сите во клубот и да му даде ветување на Салихамиџиќ

Роберт Левандовски синоќа се врати во Минхен, напаѓачот им поделил подароци на сите во клубот и разговарал со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ за да ги расчистат недоразбирањата.

Роберт Левандовски по осум години на „Алианц Арена“, ова лето се реши за нова авантура и трансфер во Барселона вреден 50 милиони евра.

Откако заврши турнејата на „каталонците“ во САД, Роберт Левандовски синоќа се врати во Минхен за на прав начин да се збогувам со луѓето со кои соработуваше изминативе години.

Како што пренесуваат медиумите, Полјакот не дошол со празни раце и на сите во клубот им подарил шампањ „Арман де Брињак“, а во кутијата имало и фотографии од напаѓачот во дресот на Баерн со негов автограм.

Роберт Левандовски исто така ја искористил оваа прилика за средба со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, двајцата разговарале петнаесетина минути и ги расчистиле недоразбирањата. Исто така, двајцата си ветиле дека повеќе нема да кажуваат лоши работи еден за друг во медиумите.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе