Златна топка

Левандовски: Се надевам Меси е искрен, дека тоа не се празни зборови

Роберт Левандовски вели дека е тажен поради тоа што Меси ја доби Златната топка а не тој, а уште повеќе е разочаран што не ја доби наградата за 2020 кога без дилеми беше најдобар.

Последната Златна топка крена прав, дали Меси или Левандовски требаше да ја добие. Ако за оваа награда имаше дилеми, за минатата сезона немаше. Требаше да победи полскиот напаѓач, но Франс фудбал одлучи да не прави церемонија поради пандемијата на ковид-19.

Ваквите случувања создаваат само горчина кај Левандовски кој игра на највисоко ниво, има импресивна статистика, но никако да ја добие Златната топка.

„Чувствувам тага. Не можам да го негирам тоа“, изјави Левандовски за полските медиуми.

„Не можам да кажам дека бев среќен на церемонијата, напротив. Чувствував тага. Да бидам толку блиску, да се натпреварувам со Меси, покажува кое ниво сум го достигнал“.

За време на наградите Меси му порача на Франс фудбал дека треба да му ја даде наградата на Левандовски за 2020 година.

„Не сум ентузијаст, не верувам дека ќе ми биде доделена Златната топка за 2020. Би сакал говорот на Меси да беше искрен и љубезен од голем фудбалер, не само празни зборови“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе