Мануел Нојер доби одмор

Лев потврди: Тер Штеген ќе брани против Македонија, а Гундоган ќе биде нов капитен

Германскиот селектор, Јоаким Лев вели дека мора максимално сериозно да го сфатат дуелот со Македонија за може да ги освојат трите бода и од овој дуел. 

Германија ќе направи неколку измени во составот за дуелот со Македонија бидејќи во претходните два меча, против Исланд и Романија играше со идентични стартни постави.
 
Тоа не значи потценување на Македонија, туку освежување на составот на Германија.
 
„Имам чувство дека Македонците се „премачкани со сите бои“, не се даваат лесно. Тие не се нималку послаби од Романците. Ќе треба да ја покажеме вистинската сила за да победиме“, вели Лев.
 
„Што се однесува до составот, само голманите се знаат. Ќе брани Марк Андре тер Штеген. Мануел Нојер ќе остане во тимот и покрај тоа што нема да биде на голот. А Илкај Гундоган ќе биде капитен доколку биде стартер“.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе