Премиерлига

Лестер втора година по ред во последно коло останува без ЛШ, Тотнем одигра за себе и за Челси (ВИДЕО)

Тотнем ја реши битката за топ четири пласман, „спарси" триумфираа со 2-4 на „Кинг Пауер", го исфрлија Лестер од топ 4 и му обезбедија место на Челси во Лигата на шампиони.

Болен крај на сезоната за Лестер, „лисиците“ втора година по ред во последното коло остануваат без настап во Лигата на шампиони. Избраниците на Лестер се чинеше дека се на добар пат да завршат во топ четири, имаа водство од 2-1 а Челси губеше со 2-0 кај Астон Вила.

Сепак, Шмајхел си постигна автогол за 2-2, голманот лошo реагираше по еден корнер и си ја затресе сопствената мрежа. Потоа Тотнем со контроверзен гол стигна до 2-3, Кејн играше со рака во зачетокот од акцијата, но ВАР и судијата како да заборавија на правилата. Во последните секунди, Бејл реализираше една контра за 2-4.

Со оваа победа, Тотнем се погрижи сезоната да ја заврши пред својот лут ривал од Северен Лондон, Арсенал но и да обезбеди билет за новото натпреварување, Лига на конференции.

Ливерпул сам си ја реши својата судбина и со триумф од 2-0 над Кристал Палас ќе ја финишира сезоната на позицијата број 3.

На останатите денешни натпревари, Лидс и Алиоски со 3-0 го совладаа ВБА, Арсенал со 2-0 славеше против Брајтон, со ист резултат Њукасл победи кај Фулам, Манчестер Сити беше убедлив против Евертон и триумфираше со 5-0, Манчестер јунајтед со 1-2 ја доби пресметката со Вулверхемтпн, Шефилд јунајтед се отпиша со триумф од 1-0 над Барли а Вест Хем со 3-0 го доби дуелот со Саутемптон.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе