петок, 19 април 2024

Пол-позиција за Норис за првиот спринт во новата Ф1 сезона

Ландо Норис од Мекларен ќе стартува од првата позиција на првата спринт трка од новата сезона во Формула 1 откако извозе најбрз круг во квалификациите.

Објавено на

часот

Сподели

По неколку години пауза се враќа трката за Големата награда на Кина. Таа ќе почне со спринт трката која е прва за новата сезона.

Квалификациите за спринт трката се возеа по тешки услови, дождливото време им создаде проблеми на возачите, а најдобро се снајде пилотот на Мекларен, Ландо Норис кој заврши пред Луис Хамилтон од Мерцедс и Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Светскиот шампион Макс Ферстапен ќе стартува од четвртата позиција на спринт трката во Шангај, а зад него се Карлос Саинц, Серхио Перез, Шарл Леклер, Оскај Пјастри, Валтери Ботас и Жу.

Спринт трката се вози утре наутро во 5 часот по македонско време, а четири часа подоцна се квалификациите за главната трка која ќе се одржи во недела од 9 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ