Премиерлига

Лестер ја прекина победничката серија на Манчестер јунајтед на гостински терен (ВИДЕО)

Заврши победничката серија на гостински терен на Манчестер јунајтед во Премиерлигата, по десет последователни победи на туѓо тло, одиграа реми 2-2 кај Лестер. 

Одличен старт на Боксинг деј, Лестер и Манчестер јунајтед одиграа возбудливо реми со четири погодоци. Гостите двапати водеа но не успеаа да ги освојат трите бода и да го израмнат рекордот на Челси во најмногу последователни гостински победи кој изнесува 11.
 
Натпреварот одлично почна за Јунајтед, по убава асистенција од Фернандеш, Рашфорд во 23. минута постигна гол за водсдтво од 1-0.
 
Но предноста не траеше долго, осум минути подоцна Барнс со силен удар од далечина го изедначи резултатот на 1-1.
 
Во 79. минута Кавани го проигра Бруно Фернандеш кој сега ја имаше улогата на стрелец за ново водство на Манчестер јунајтед.
 
Но и второто израмнување беше брзо, Варди на пет минути до крајот погоди за конечни 2-2.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе