Премиерлига

Лестер го победи Јунајтед, Манчестер Сити е нов шампион на Англија (ВИДЕО)

Лестер со 2-1 го победи Манчестер јунајтед, а тоа значи дека нивниот градски ривал Манчестер Сити и официјално ја завери шампионската титула во Премиерлигата. 

Манчестер Сити е нов шампион на Англија, тимот на Пеп Гвардиола вечерва не играше, но поразот на Јунајтед им ја завери титулата.
 
Поради густиот распоред, Оле Гунар Солшер за денешниот меч извади значително ослабен стартен тим, а тоа го искористи Лестер и дојде до значајни три бода за нив во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.
 
Резултатот беше отворен во 10. минута кога Томас постигна деби гол во Премиерлигата за водство на Лестер од 1-0.
 
Само пет минути подоцна Гринвуд го изедначи резултатот на 1-1.
 
Во 66. минута Сојунчу постигна гол за ново водство на Лестер, 2-1 што беше и конечен резултат.
 
Солшер во текот на вториот дел во игра ги стави Кавани, Рашфорд и Фернандеш, но резултатот остана непроменет за на крајот да се радуваат Лестер и Манчестер Сити.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе