ФА Куп

Лестер го победи Челси и го освои ФА Купот (ВИДЕО)

Лестер со гол на Тилеманс го победи Челси од 1-0 и го освои трофејот од ФА Купот, тимот на Тухел се израдува на гол во 89. минута но ВАР ги олади. 

Лестер го победи Челси во финалето од ФА Купот на Вембли, тимот на Брендан Роџерс се радува на првиот голем трофеј по историската титула во Премиерлигата.
 
Првото полувреме не изобилуваше со шанси, Варди и Маунт имаа по една можност. Но вистинските возбудувања се случуваа во вториот дел.
 
Во 63. минута се случи клучниот момент коога Тилеманс постигна гол за водство на Лестер од 1-0. Тој погодок беше и пресуден за титулата.
 
Во продолжението од мечот Челси се обидуваше да дојде до израмнување, во 89. минута постгнаа гол, но ВАР го поништи поради офсајд.
 
На крајот Лестер заслужено го освои трофејот, а Челси ќе има уште една шанса да дојде до титула оваа сезона, финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе