Премиерлига

Лестер е нов лидер во Премиерлигата, Лампард е чекор поблиску до отказ (ВИДЕО)

Лестер ја продолжи одличната форма и ја продлабочи кризата на Челси откако победи со 2-0 во денешниот меч од Премиерлигата. 

Лестер барем до утре ќе биде лидер во Премиерлигата откако денеска го победи Челси со 2-0 и освои три бода кои го лансираа на првото место.
 
Резултатот го отвори Ендиди уште во шестата минута од мечот, а пред крајот на првиот дел Медисон постигна гол за конечни 2-0.
 
Во финишот од мечот Вернер даде гол, но ВАР му го поништи поради офсајд.
 
Овој пораз дополнително го затресе столчето на Френк Лампард, Челси е на осмата позиција на табелата, а може да биде поминат и од други екипи кои имаат помалку мечеви од нив.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе