Главоболки за раководството на „баварците“

Лерој Сане направи хаос во соблекувалната, неколку фудбалери на Баерн негодуваат и можат да си заминат

Баерн Минхен има сериозни проблеми поради Лерој Сане, голем број на фудбалери бараат плата колку Германецот и постои можност тие да заминат за беспари доколку не им бидат исполнети желбите.

По долги преговори и обиди кои траеа повеќе од една година, Баерн Минхен минатото лето го комплетираше трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити. Зделката сега им создава многу главоболки на челниците на клубот и прави хаос во соблекувалната.

Причина е платата, Лерој Сане е еден од најплатените зад Роберт Левандовски, Томас Милер и Мануел Нојер и ова не им се допаѓа на дел од фудбалерите, кои преговараат за нов договор.

Џошуа Кимих сега бара 20 милиони евра по сезона за да ја продолжи верноста, а истата сума ја бара и Леон Горецка. Првиот има договор до 2023 година и простор за подолги преговори, но вториот ги одработува последните 12 месеци и веќе има шпекулации за негово заминување.

Медиумите пишуваат дека Реал Мадрид и Манчестер јунајтед внимателно ја следат ситуацијата на Леон Горецка и сакаат да го донесат во своте редови, по можност за беспари во 2022 година.

Платата на Лерој Сане прави проблем и во преговорите со Кингсли Коман, кој сака драстично зголемување на примањата. Французинот бара 12 милиони евра нето по сезона, додека пак Баерн Минхен на маса има ставено 12 милиони евра бруто, што е далеку помалку.

Не се исклучува можноста и тој да го напушти клубот за да не се повтори нов „случај Алаба“, кој ова лето беспари се пресели во Реал Мадрид.

Негодување има и кај Серж Гнабри, кој смета дека Лерој Сане не е посупериорен од него на теренот, и верува дека не треба да има помала плата од својот сонародникот, односно треба да биде на приближно ниво со него.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе