Ги олади „каталонците“

Леонардо објасни зошто Нејмар тренира сам и испрати порака до Барселона: Нема никаков напредок во преговорите

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо вели дека Нејмар работи по индивидуална програма на својот фитнес па затоа не тренира со групата, и додава дека нема никаков напредок во преговорите за негово заминување.

Барселона и ПСЖ оваа недела прв пат имаа лице во лице преговори за трансфер на Нејмар, делегација на „каталонците“ беше во Париз на средба со спортскиот директор на „светците“, Леонардо.

Медиумите открија одредени детали од состанокот и во кој правец се одвивале разговорите. Двата клуба се на иста бранова должина за тоа дека Филипе Кутињо може да биде дел од зделката, но вториот играч и сумата која ја бара ПСЖ остануваат камен за препнување.

Леонардо денеска даде кратко интервју за Радио Монте Карло и директорот на ПСЖ ја олади Барселона.

„Сите знаат дека има преговори за Нејмар, но нема никаков напредок“ – вели Бразилецот.

Напаѓачот вчера тренираше сам, и беше пренесено дека тој нема да биде дел од групата се додека не се разреши неговата иднина.

Леонардо ја објасни и оваа ситуација и рече: „Ваквите стории не се вистините. Нејмар не е отстранет од групата. Едноставно работи по индивидуална програма за да го достигне фитнесот на другите. Тој е играч на ПСЖ, има уште три години од договорот. Мора во предвид да ги земеме сите аспакети, се да биде на свое место за тој повторно да биде дел од групата и да почне да игра“.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе