Реал Мадрид ја следи ситуацијата

Леонардо не може да вети дека Мбапе ќе потпише нов договор и уште долго ќе игра во ПСЖ

Килијан Мбапе во моментов е среќен во ПСЖ, но јасно е дека тој размислува и на трансфер, не ова лето, но наредното сигурно ќе сака да ја промени средината.

Килијан Мбапе е мета на Реал Мадрид, тоа е клубот за кој тој навивал од мал, желбата негова би требало да се реализира во иднина.

Мбапе е две години во ПСЖ и има уште три од актуелниот договор, спортскиот директор Леонардо не гарантира дека играчот ќе стави потпис на нов договор.

„Никогаш не давам ветувања, од две причини. Прво, јас не сум човек кој прави се во клубот, второ не сакам да давам ветувања без да знам дека со сигурност ќе се случат. Единствена работа која ме интересира е работите кои се денес“, вели Леонардо.

„Мбапе е тука, тој е многу значаен за клубот. На стартот на подготовките дојде во одлично расположение, со насмевка. Тој е харизматичен, луѓето го сакаат многу. Важно е да се има фудбалер како него во составот“.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе