ПСЖ испрати јасна порака до „кралевите“

Леонардо: Мбапе може да замине само под наши услови, Реал треба да плати многу повеќе!

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо вели дека Килијан Мбапе може да замине но само под условите кои ќе ги постават „светците" и додава дека понудата од 160 милиони евра на Реал Мадрид не е доволна.

Реал Мадрид синоќа тргна во офанзива по потписот на Килијан Мбапе, „кралевите“ на маса ставија 160 милиони евра, што е прилично многу за фудбалер кој следното лето може да биде ангажиран за беспари.

Сепак, ПСЖ не мисли така, „светците“ веднаш го одбија предлогот. Спортскиот директор Леонардо, попладнево имаше интервју со неколку медиуми и објасни каков е ставот на клубот од Париз.

„Му кажавме НЕ на Реал. Понудата е далеку од цената за која ние веруваме дека е фер, далеку од сумата која ние ја плативме а играчот (180 милиони евра), особено што дел од оваа сума треба да му платиме на Монако (околу 35 милиони евра)“ – вели Леонардо.

„Нема да говорам за конкретни бројки, но да, понудата на Реал Мадрид е околу 160 милиони евра. Јасно е дека Килијан Мбапе сака да замине, нема да го спречиме, но ќе мора да замине под наши услови“.

„Никогаш не сме ја отвориле вратата за заминување на Килијан Мбапе. Луѓето велат дека јас сакам да го продадам , а Насер (претседателот Ал Келаифи) не сака, но и јас и Насер размислуваме исто, играчот не е на продажба“.

„Нашата цел е да го задржиме Мбапе, тој да стави потпис на нов договор. Имавме многу состаноци со него, со семејството и луѓето кои се грижат за неговата кариера. Му доставивме понуда на нивото од другите топ играчи, му доставивме и втор предлог, уште побогат од првиот“.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе