ПСЖ му нуди пакт на Бразилецот

Леонардо ќе го убедува Нејмар да остане уште една сезона со ветување дека ќе може да замине следната година

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо наскоро ќе се сретне со својот сонародник Нејмар во Кина и ќе му предложи да продолжи во Париз уште 12 месеци а за возврат следното лето без проблеми ќе може да замине.

Нејмар сака да го напушти Париз но клубовите кои можат да си го дозволат се бројат на една рака. Се верува дека Бразилецот сака да се врати во Барселона, но зделката е приличн комплицирана. „Каталонците“ во замена нудат неколку играчи, а ПСЖ инсистира само на кеш.

Според пишувањата на каталонскиот весник Спорт, „светците“ ќе му понудат пакт на напаѓачот со цел да се стави крај на сагата. Доколку Нејмар остане уште 12 месеци, следното лето ќе може да замине без проблеми.

Лидерите на клубот сметаат дека ова е добро решение за сите страни и ваквата идеа наскоро спортскиот директор Леонардо лично ќе му ја пренесе на својот сонародник.

Што значи тоа да „замине без проблеми“ не е јасно. Ова лето имаше многу стории за тоа што е потребно за ПСЖ да прифати продажба. Најпрво се говореше за бројка од 300 милиони евра, потоа за 250 милиони евра за на крај да испадне дека и 180 милиони евра ќе биде доволно доколку бидат платени во кеш.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе