ПСЖ не е задоволен од однесувањето на Реал

Леонардо го обвини Реал Мадрид за задни намери: Сето ова личи на стратегија...

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо верува дека Реал нема искрени намери да го купи Килијан Мбапе ова лето и ова само е поставување на терен за играчот беспари да се пресели во Мадрид по 12 месеци.

Реал Мадрид оваа недела достави понуда вредна 160 милиони евра за услугите на Килијан Мбапе, предлог кој веднаш беше одбиен. По серијата шпекулации, Леонардо денеска разговараше со новинарите и го пренесе ставот на ПСЖ.

Спортскиот директор вели дека „светците“ не сакаат да го продадат напаѓачот, нивната намера е да го задржат Килијан Мбапе и да му го продолжат договорот. Секако, нема да го држат играчот сосила, и тој ќе може да замине но под нивни услови.

Леонардо исто така верува де Реал нема искрени намери да го купи Килијан Мбапе ова лето и само поставува терен за Французнот беспари да се пресели во Мадрид по 12 месеци.

„Оваа понуда, на 7 дена пред крајот на преодниот рок, ми изгледа како на стратегија на Реал Мадрид да добие негативен одговор од нас и потоа да каже дека сториле се што можеле да го ангажираат оваа лето, па да почнат да преговараат за догодина беспари да го добијат Килијан Мбапе“ – вели Леонардо.

„Реал Мадрид веќе две години покажува непочитување кон нас, се однесува на некоректен и нелегален начин со оглед на тоа дека нема право директно да стапи во контакт со играчот. Ова е неприфатливо“.

„Исто така, Килијан постојано ни велеше дека нема да замине бесплатно, па секако дека не сме среќни“.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе