Лео Меси ги одработува последните месеци од договорот со Барселона, уште сега може да потпише за друг клуб, но најави дека ќе одлучи за сопствената иднина дури по крајот на сезоната.
Клубовите кои можат да го ангажираат се бројат на прсти, и еден од нив е ПСЖ.
„Големи играчи како Лео Меси секогаш ќе бидат на листата со желби на ПСЖ. Но ова не е моментот кога треба да говориме на оваа тема. Секако седиме на маса со клубовите кои ја следат ситуацијата, или подобро кажано, имаме резервирано столче во случај... Четири месеци во фудбалот се вечност, особено во вакви времиња“ - вели спортскиот директор на ПСЖ, Леонардo.