Напаѓачот ги одработува последните месеци од договорот со Барса

Лео Меси почнал да учи нов јазик, дали веќе го одбрал својот нов клуб?!

Новинар од Франција пренесува дека Лео Меси, неговата сопруга и неговите деца почнале да учат француски, ова се толкува како сигнал дека Аргентинецот ќе се пресели во ПСЖ.

Лео Меси во интервјуто со Жорди Еволе на „Ла Секста“ рече дека ќе донесе одлука за својата иднина по крајот на сезоната. Напаѓачот ги одработува последните шест месеци од договорот со Барселона и треба да одлучи дали ќе остане верен на „каталонците“ или ќе се реши нов предизвик пред крајот на кариерата.

Доколку замине од Камп Ноу, на прсти се бројат клубовите кои можат да ја дозволат неговата плата, Манчестер Сити со Пеп Гвардиола на кормилото се посочува како прв фаворит но и ПСЖ со Нејмар се надева дека може да го привлече фудбалерот.

Новинарот Жофрој Гаретје сега открива дека Лео Меси почнал да учи француски и ова го толкува како сигнал дека фудбалерот ќе се пресели во ПСЖ.

„Имам информација која може да биде многу важна. Меси и целото негово семејство, неговата сопруга и децата, учат француски. Па зошто би учел француски доколку треба да потпише за Манчестер Сити? Нема никаква логика. Му верувам на изворот, оваа информација ја добив од сигурен извор“ – вели Гаретје.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе