Кикс на Барселона против Кадиз, избраниците на Куман разочараа дома и одиграа само 1-1.
Лео Меси од пенал во 32. минута донесе 1-0, „каталонците“ потоа имаа многу шанси да ги решат сите дилеми, и откако не го сторија тоа, еден несмасен старт на Ленгле донесе пенал за гостите и погодок за 1-1 во 89. минута.
Барса се обиде да се врати во судиското надополнување, силно притисна но не успа да стигне до цел плен.