Рекордна сума за еден фудбалер од Белгија

Л’Екип соопшти дека трансферот на Азар во Реал е договорен и ги откри деталите!

Според пишувањата на Л'Екип, Реал Мадрид и Челси го договориле трансферот на Еден Азар и официјално соопштение ќе пристигне по финалето во Лига Европа, Белгиецот ќе чини околу 100 милиони евра.

Еден Азар синоќа откри дека донел одлука за својата иднина и за ова го известил Челси уште пред две недели. Тој не кажа каде ќе игра, но меѓу редови навести дека тоа ќе биде Реал.

Попладнево на оваа тема се огласи Л’Екип, реномираниот француски весник пренесе дека трансферот на фудбалерот во Мадрид е завршена работа и давата клуба веќе имаат постигнато договор.

„Кралевите“ исто така си подале рака и со играчот. Белгиецот ќе стави потпис на шест годишен договор и ќе се обврзе кон Реал до 2025.

Извештајот вели дека Реал Мадрид зделката официјално ќе ја соопшти по финалето во Лига Европа кое е на програмата на 29. мај.

Сумата на трансферот ќе изнесува околу 100 милиони евра, рекордна сума за фудбалер од Белгија.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе