„Светците“ отвориле преговори со Французинот за нов договор

Л’Екип пишува за проблем: ПСЖ не може на Мбапе да му понуди плата иста како на Нејмар

Според пишувањта на Л'Екип, ПСЖ сака да го продолжи договорот на Килијан Мбапе за неколку години и да му ја зголеми платата, но на Французинот не може да му понуди примања како оние на Нејмар.

Изминативе денови често се говореше за иднината на Килијан Мбапе, Французинот е желба на Флорентино Перез и првиот човек на Реал Мадрид има подготвено најмалку 300 милиони евра за потписот на напаѓачот.

Медиумите исто така шпекулираат и за понуда од 250 милиони евра од Ливерпул, но ПСЖ нема лесно да се откаже од младата ѕвезда и не седи со скрстени раце. Ле Парисиен објави дека му е понуден нов богат договор со кој ќе заработува колку Нејмар доколку остане верен.

Л’Екип денеска имаше сторија на оваа тема, го смести Килијан Мбапе на насловната страна, а крај него ги стави Леонардо и Зидан, алудирајќи на изјавите кои ги дадоа двајцата (Зизу на прес истакна дека желба на Мбапе била трансфер во Реал, а спортскиот директор на ПСЖ луто порача да го остават нивниот играч на мира).

Весникот пишува дека раководството на ПСЖ отворило преговори со Килијан Мбапе и неговите агенти, но во моментов нема конкретен предлог на маса. Идејата е да се продолжи договорот на уште неколку години и фудбалерот да добие покачување на платата. Л’Екип исто така појаснува дека ПСЖ не може да му даде на Килијан Мбапе плата како онаа на Нејмар бидејќи Бразилецот како странец подлежи на одредени даночни олеснување и тоа му овозможува да заработува многу повеќе без буџетот на „светците“ да биде дополнително оптоварен.

Л’Екип сепак потенцира дека ова не е толку голем проблем бидејќи Килијан Мбапе и онака заработува добро и парите му се во втор план. Спортскиот аспект е приоритет, желба на играчот е да триумфира во Лигата на шампионите и бара проект кој ќе му го овозможи ова. Па доколку ПСЖ и оваа сезона киксне во најелитното европско натпреварување, Французинот би можел следното лето да се најде на излезни врати.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе