Аргентинецот го нема за прв пат по 2005

Л’Екип објасни зошто Роналдо е на списокот а Меси не се најде помеѓу кандидати за „Златната топка“

Францускиот весник Л'Екип објасни зошто Кристијано Роналдо е на списокот а Лео Меси не се најде помеѓу 30-те кандидати за „Златната топка" и вели дека отсуството на Аргентинецот е поради неговата слаба сезона и промената на критериумите.

Франс Фудбал синоќа објави список со 30 фудбалери кои ќе конкурираат за „Златната топка“ и за прв пат по 2005 година, помеѓу кандидатите го нема Лео Меси, додека пак Кристијано Роналдо по 18 пат во низа се најде на списокот

Изборот предизвика големи дебати на социјалните мрежи па Л’Екип излезе со објаснување за отсуството на Аргентинецот.

Францускиот весник вели дека промената на критериумите придонела Лео Меси да се најде помеѓу 30-те кандидати.

Од оваа година, во предвид се земат перформансите во една фудбалска сезона, а не во календарска година. Исто така, во предвид ќе се земат индивидуалните перформанси, а не тимските.

Лео Меси во својата прва сезона во Париз потфрли, постигна само 6 погодока во Лига 1 и уште 5 во Лигат ана шампиони, па затоа и го нема помеѓу кандидатите за „Златната топка“.

Кристијано Роналдо пак постигна 32 погодока на 49 натпревари во сите натпреварувања, а стана и најдобар стрелец во историјата кога се репрезентациите во прашање.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе