Аргентинецот останува еден од најплатените во светот

Л’Екип ја откри платата на Лео Меси, три години во ПСЖ ќе му донесат 110 милиони евра!

Весникот Л'Екип обелодени детали од договорот на Лео Меси со ПСЖ, Аргентинецот во првата година ќе има 30 милиони евра нето плата, во втората и третата таа сума ќе се искачи на 40 милиони евра.

Лео Меси ќе заработи 110 милиони евра доколку на ПСЖ му остане верен до крај и помине три сезони во Париз.

Л’Екип денеска ги откри деталите, Аргентинецот ќе има плата колку онаа на Нејмар, но разликата е тоа што во иднина, Лео Меси ќе заработува повеќе од Бразилецот.

Напаѓачот во првата година ќе добие 30 милиони евра нето, додека во втората и третата ќе добива по 40 милиони евра, благодарејќи на клаузула за лојалност и исплата од по 10 милиони евра годишно.

Весникот исто така пренесува дека 1 милион од платата, Лео Меси ќе ја добива во фан токени, ПСЖ очекува од ваквиот метод на исплата да направи профит помеѓу 25 и 30 милиони евра годишно благодарејќи на соработката со Crypto.com.

Во овие суми не влегуваат бонусите, оние за колективни и индивидуални цели, тоа значи дека Лео Меси може да заработи многу повеќе.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе