Весникот објаснува зошто Аргентинецот може да заврши во Париз

Л'Екип: Четири причини за трансфер на Лео Меси во ПСЖ

Денешното издание на Л'Екип одново пишува за преселба на Лео Меси во Париз, весникот наброја четири причини за трансфер на Аргентинецот во ПСЖ.

Лео Меси ги одработува последните месеци од договорот со Барселона, па речиси секој ден има шпекулации за неговата иднина.

Во последно време често се говори за негова преселба во Париз, а во пресрет на дуелот помеѓу Барселона и ПСЖ во Лигата на шампиони, Л'Екип наброја четири причини за трансфер на Аргентинецот во редовите на „светците".

Бидејќи е слободен играч

Овој услов е неопходен, особено сега кога фудбалот е потресен од голема криза. Доколку треба да се плати трансфер сума, зделката нема да може да се реализира. Тоа што Аргентинецот може да пристигне за беспари ја отвара вратата но огромната плата на напаѓачот и понатаму го прави трансферот тежок.

Бидејќи Нејмар сака да игра со својот пријател

Меси и Нејмар развија добро пријателство на терените но и надвор од нив откако од 2013 до 2017 делеа соблекувална. Дури и по преселбата на Бразилецот во Париз, двајцата останаа во контакт. Кога Нејмар летото во 2019 сакаше да се врати на Камп Ноу, Меси му се јави... овој пат ситуацијата е обратна Нејмар е тој кој му се јави на Меси во обид да му го „продаде" Париз и ПСЖ.

Бидејќи Леонардо веќе подготви терен

Кога минатото лето Лео Меси испрати итен допис и побара да замине беспари, спортскиот директор Леонардо веднаш стапи во контакт со луѓето кои се грижат за кариерата на напаѓачот, или конкретно со неговиот татко. Бразилецот го опипал пулсот и подготвил терен за ангажман.

Бидејќи треба да се донесе замена за Мбапе во случај тој да замине

Леонардо е свесен дека може да остане без Килијан Мбапе, па затоа се фокусира на Лео Меси. Младиот Французин е под договор до 2022 година, преговорите тапкаат во место и доколку не биде пронајден компромис, ПСЖ ќе мора да го продаде играчот. Тоа ќе биде голема загуба, како на спортски така и на маркетинг план па ќе треба да се ангажира звучно име, а поголемо од Лео Меси нема

Л'Екип исто така додава дека се работи за комплицирана зделка и дека треба да се поклопат многу коцки. Дури и ПСЖ има одредни финсиски ограничувања и за ангажман на Лео Меси ќе треба да биде продаден Килијан Мбапе и тоа за висока сума.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе