Заврши авантурата на Македонецот во Штутгарт

Лекарските прегледи завршени, договорот потпишан: Се чека само потврда на трансферот на Чурлинов во Барнли

Дарко Чурлинов ги поминал лекарските прегледи и ставил потпис на договорот со Барнли, сега се чека само официјална потврда на трансферот на Македонецот на „Трф Мур".

Неколку извори од Германија пренесуваат дека завршила авантурата на Дарко Чурлинов во Штутгарт.

Македонецот ги поминал лекарските прегледи и ставил потпис на договорот со Барнли и сега се чека само официјална потврда на трансферот.

Тимот предводен од Винсент Компани за услугите на Дарко Чурлинов ќе плати околу 3,25 милиони евра, зделката со бонуси може да се искачи до 5 милиони евра.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе