НБА

Лејкерс загуби од Хјустон, но сите зборуваат за забивањето на Леброн (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс на свој терен загуби од Хјустон со 121:111, Леброн Џејмс имаше спектакуларно забивање. 

Лос Анџелес Лејкерс го загуби дерби мечот со Хјустон во Стејплс Центар, натпреварот беше изедначен во целиот тек, на крајот ракетите победија пред се поради одличната партија на Вестбрук.
 
Расел Вестбрук постигна 41 поен и беше главен играч на Хјустон, Харден реализираше 14 поени. Кај Лејкерс најефикасен беше Ентони Дејвис со 32 поени, имаше и 13 скокови, на Леброн Џејмс му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, постигна 18 поени, 15 асистенции и девет скокови.
 
Но денеска најмногу се зборува за забивањата на Леброн Џејмс. Тој најпрво реализираше еден цепелин, а потоа со спектакуларно забивање ја крена публиката на нозе.
 
 
Резултати:
 
Њујорк - Орландо 105:103
Чикаго - Њу Орлеанс 119:125
Милвоки - Филаделфија 112:101
Портланд - Сан Антонио 125:117
ЛА Лејкерс - Хјустон 111:121

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе