Солскјер и денеска погоди, Бекам ја крена публиката на нозе со еден потег

Легендите на Манчестер ј. со 5 гола во мрежата на Баерн одбележаа 20 години од фамозниот триумф во ЛШ (ВИДЕО)

Во хуманитарен натпревар на Олд Трафорд, легендите на Манчестер јунајтед со 5-0 ги совладаа легендите на Баерн Минхен и одбележаа 20 години од големата победа во финалето од Лигата на шампионите во Барселона.

Пред 20 години, Манчестер јунајтед стигна до титулата во Лигата на шампионите и покрај тоа што губеше со 1-0 од Баерн по истекот на регуларните 90 минути. Со два гола во судиското надополнување, „ѓаволите“ направија неверојатен кам-бек кој ќе се раскажува уште долги години.

За одбележување на овој натпревар, денеска на Олд Трафорд, легендите на двата клуба одиграа хуманитарен натпревар.

Манчестер јунајтед славеше со убедливи 5-0, а Солскјер повторно ја затресе мрежата на „Баварците“ и го отвори резултатот.

Потоа следуваа голови на Јорк, Бат и Саха а точка на натпреварот стави Бекам, кој најпрво го седна противникот на земја со својот дрибилинг и потоа рутински реализираше и ја крена публиката на нозе.

Сер Алекс Фергусон седеше на клупата, заедно со неговиот поранешен помошник Стив Мекларен а пота им се придружи и Оле Гунар Солскјер.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе