НФЛ

Легендата на НФЛ кој беше роден без прсти на една нога и рака, почина од коронавирус

Легендата на НФЛ, еден од најдобрите шутери во историјата, Том Демпси почина од коронавирус на 73-годишна возраст. 

Ковид-19 однесе многу жртви во САД, една од нив е легендарниот Том Демпси кој не успеа да ја победи оваа болест.
 
Интересно, Том Демпси е роден без присти на левото стопало и десната рака. Но и покрај тоа играше 11 сезони во НФЛ како шутирач и ќе биде запаметен по победничкиот филд гол од 63 јарди на 8. ноември 1970, тоа беше рекорд кој траеше до 2013 година кога Мет Пратер погоди од 64 јарди.
 
„Животот на Том е пример за големината на човековиот дух и решителноста да се брка сонот без разлика на проблемите со кои се соочувате“, стои во соопштението на Њу Орлеанс Сеинтс, клубот каде што се прослави Демпси.
Во своите 11 сезони во НФЛ, Демпси постигна 159 филд гола.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе