Покрената постапка

Легендата на Манчестер јунајтед на тапет кај ФА, Сколс обвинет дека се обложил на фудбал дури 140 пати!

ФА покрена постапка против Пол Сколс, легендата на Манчестер јунајтед е обвинет дека дури 140 пати се обложил на фудбал од август 2015 до јануари 2019.

Фудбалската асоцијација на Англија има строги правила за обложување, сите кои се инволвирани во фудбалот не смеат да се обложат на ниту еден фудбалски натпревар или да ставаат облози поврзани со фудбалот (отказ на тренер, следна дестинација на играч и сл.) па последниот кој се најде на тапет е Пол Сколс. 

Денеска е покренато обвинение против легендата на Манчестер јунајтед, ФА вели дека има докази дека Пол Сколс се обложил 140 пати од август 2015 до јануари 2019. 

Поранешниот фудбалер од средниот ред, кој во периодот од февруари до март оава година, 31 ден беше на тренеското столче Олдам, поседува 10% од акциите на петолигашот Салфорд и затоа се смета како фудбалски работник.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе