Замена за повредениот Ван Дајк

Легендата на Ливерпул советува: Ако треба платете и повеќе, мора да се донесе нов дефанзивец на 1. јануари!

Џејми Карагер го советува Ливерпул да ангажира нов дефанзивец по повредата на Вирџил ван Дајк, вели дека треба да се плати и повеќе за засилувањето да пристигне уште на 1. јануари.

На дуелот против Евертон, Вирџил ван Дајк доби незгоден удар, тестовите покажаа оштетување на предните вкрстени лигаменти на коленото и тој мора да оди „под нож“. Ливерпул најави дека времето потребно за опоравување ќе биде познато откако ќе биде извршена операцијата, но за ваква повреда обично се паузира 7-8 месеци.

Најоптимистичко сценарио е Холанѓанецот да се врати за шест месеци, но и при таков случај тој ќе го пропушти најголемиот дел од сезоната, па затоа „црвените“ размислуваат за ангажман на нов дефанзивец.

Дајот Упамекано од РБ Лајпциг од поодамна се посочува како желба, и тој во својот договор има откупна клаузула од 42 милиони евра. Проблем е што оваа клаузула е активна само од јули 2021, па доколку Ливерпул тргне по него во зимскиот преоден рок, ќе мора да преговара со „биковите“ и веројатно да плати десетина милиони евра повеќе.

Легендата на „црвените“, Џејми Карагер смета дека не треба да се штедат пари и советува Дајот Упамекано да биде нов играч на Ливерпул веќе на 1. jануари.

„Следното големо засилување на Ливерпул требаше да биде централен дефанзивец. Дејан Ловрен замина и не беше донесена замена, па имаат само три опции за централниот дел на одбраната и една од тие три опции, Жоел Матип, секогаш е повреден“ – вели Џејми Карагер.

„Па сигурен сум дека Ливерпул кроел планови следното лето да инвестира многу пари во нов дефанзивец“.

„Но сега тие планови треба да се поместат за шест месеци, кого и да имаа на ум, мора да го донесат во јануари, и не на крајот од месецот, туку на 1. јануари“.

„Има еден млад играч во РБ Лајпциг за кого сите зборуваат, се работи за Дајот Упамекано. Не знам дали е ист профил како Ван Дајк, но доколку планирале да го купат, мора да го ангажираат зимоска“.

„Нека платат и повеќе, само да го донесат на 1. јануари“.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе