Бараж за пласман на СП

Лазаров: Резултатот можеби не е реален, треба да бидеме претпазливи во Романија

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров е задоволен од високата победа над Романија која ја носи Македонија на чекор до двомеч со Чешка. 

Македонија со 30-22 ја победи Романија. Убедливиот триумф беше изборен со фуриозен финиш на мечот. Во 43. минута беше само +1 за нас, а на крајот +8.
 
„Беше прекрасно да се игра пред нашата публика после долго време. Имавме одличен противник денеска, не спиев добро последните 2-3 ноќи. Како што кажа Пасквал, резултатот можеби не е реален, но спортот е таков, се игра 60 минути и во овој натпревар ние бевме подобри. Многу пати и ние сме биле добри 40-45 минути, па потоа сме губеле, но денеска, за разлика од ЕП имавме поширока ротација, Никола Марковски, јас и уште некои играчи, кои можеби немаат големи, но значајни улоги. Мислам дека тоа е клучот што победивме. Резултатот можеби не е реален и мора да бидеме претпазливи. Познавајќи го, нема да се предаде по овој прв меч“, изјави Кире Лазаров.
 
Реваншот во Романија се игра во сабота. Ако ја сочуваме големата предност ќе дојдеме до последната пречка пред Светското првенство, селекцијата на Чешка.
 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе