Промоција на РК Алкалоид

Лазаров: Алклоид е единствениот тим составен само од македонски ракометари

Новиот суперлигаш, РК Алкалоид денеска на прес-конференција го промовираше тимот кој ќе биде предводен од македонската ракометна легенда, Кире Лазаров. 

Кире Лазаров ја заврши играчката кариера и ја почна тренерската. Покрај тоа што е селектор на Македонија, тој ќе биде и тренер на ракометниот клуб Алкалоид.
 
„Ние сме млад и нов тим, со ракометари суперлигашко искуство, кои не знаат како е да се игра во градови и сали во кои е тешко да се добие дури и да си фаворит. Уште си ја запознавам екипата, пријатно сум изненаден од играта на струшкиот турнир. Намерно игравме на турнир со посилни противници и сигурен сум дека тоа е начинот на кој ќе продолжиме да растеме. Првична цел е да се пласираме во плејофот и мислам дека имаме квалитет за тоа. Сезонава имаме најквалитетна Суперлига во последниве 15-тина години со квалитетни странци. Гледам и дека ги мотивираме останатите екипи со нашиот проект, се надевам ќе продолжиме да го правиме тоа и во следните години“, вели Лазаров.
 
Засега тимот е составен само од македонски ракометари, планот е така да биде 2-3 сезони, а потоа да почнат да се носат и странци, но само квалитетни.
 
„Мислам дека ќе бидеме единствени годинава со чисто македонски производ како клуб. Тоа е за поддршка и за пофалба и одиме напред размислувајќи така. Никогаш не знаеме што ќе носи иднината, имало примери кои почнале така, па се сменил концептот. Ќе одиме вака во следните две-три години, па ќе видиме понатаму. Секогаш сум бил за квалитетни странци, од кои децата ќе учат. Јас како дете на пример сум учел од Душан Новокмет, кој ми бил идол. Потоа доби и македонско државјанство. Не сум за неквалитетни странци, кои ги има во изобилие кај нас. Нашиот клуб, ако реши раководството и видиме дека има потреба можеби некогаш ќе ангажира, но, повторувам, само многу квалитетен странски играчи“.
 
Капитен останува Игор Ѓоргиев, 22- годишниот среден бек, кој неодамна почна и репрезентативна кариера. 
 
„Во екипата имаме одлична атмосфера. Нашата цел ќе биде да играме добар и современ ракомет, а со тоа се надеваме дека ќе успееме да избориме пласман во плејофот од македонската Суперлига“, рече Ѓорѓиев.
 
Осум нови играчи го засилија Алкалоид, а меѓу нив има искусни како голманите Јане Цветковски и Благојче Трајковски или пивотот Никола Маркоски, но и помлади како Михајло Младеновиќ, Едвин Омераги, Марко Митев, Давид Димевски и Александар Петковски. Со ваков состав, Маркоски вели можно е да се нишани и на Европа.
 
„Условите во клубот се на едно високо професионално ниво. Имаме одлична млада екипа, составена од македонски играчи и одличен стручен штаб. Наша цел е да се пласираме во плејофот и ако ни се укаже можност да се пласираме во Европа, тоа би било над нашите очекувања“, рече Маркоски.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе