„Каталонците“ завршија половина работа

Лаутаро Мартинез се договорил со Барселона за годишна плата од 12 милиони евра плус бонуси

Лаутаро Мартинез се договорил со Барселона, Аргентинецот прифатил петгодишна соработка и плата од 12 милиони евра по сезона, но „каталонците" се уште не можат да постигнат согласност со Интер и добиле негативен одговор на последната понуда.

Барселона заврши половина работа од трансферот на Лаутаро Мартинез, клубот од Камп Ноу ги договори личните услови на Аргентинецот.

Новинарот Николо Шира објави за целосен договор помеѓу Барселона и играчот за плата од 12 милиони евра годишно плус бонуси, примања кои нема шанси да ги добие на „Џузепе Меаца“.

Со слична сторија излезе и каталонскиот Спорт, и таму се вели дека голгетерот прифатил петгодишна соработка и примања од 12 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Сега останува уште Барселона да пронајде заеднички јазик со Интер. Спортскиот директор на „нероаѕурите“, минатата недела во два наврати порача дека единствен начин за Лаутаро Мартинез да замине е некој да ја плати откупната клаузула вредна 111 милиони евра.

Николо Шира вели дека е можен компромис по ова прашање, односно понуда од 90+ милиони евра и еден фудбалер, и додава дека Интер го одбил последниот предлог на Барселона кој се состоел од 60 милиони евра плус услугите на Артуро Видал и Нелсон Семедо.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе