Наскоро ќе стигне официјално соопштение

Лаутаро Мартинез ја продолжи соработката, стана најплатениот фудбалер на Интер

Лаутаро Мартинез ставил потпис на нов договор со Интер со трајност до 2026 година, Аргентинецот ќе биде најплатениот фудбалер во составот на „нероаѕурите".

Преговорите помеѓу Лаутаро Мартинез и Интер за продолжување на соработката завршија успешно. Голем број на извори пренесоа дека напаѓачот ставил потпис на документите и наскоро ќе пристигне официјална потврда за нова соработка до 2026 година. 

Според пишувањата на Тик Спортс, Аргентинецот ќе биде најплатениот фудбалер во составот на „нероаѕурите“. 

Како што пренесува Кориере дела Сера, Лаутаро Мартинез ќе заработува 6 милиони евра по сезона плус бонуси, што е многу повеќе од сегашните 2,5 милиони евра. 

Во новиот договор повеќе ќе ја нема откупната клаузула од 111 милиони евра, па клубовите кои ќе сакаат да го купат Лаутаро Мартинез, ќе мора да седнат на преговори со Интер.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе