Жестока казна за прекршување на протоколот

ЛАСК остана без шест бода и првото место на табелата поради групен тренинг во време на коронавирус

Лидерот во првенството на Австрија, ЛАСК Линц остана без шест бода поради групен тренинг во време на коронавирус, казната може да го реши шампионот и Салцбург на поклон да ја добие титулата.

Иако фудбалот мирува во Австрија, ЛАСК Линц го загуби врвот на табелата. Клубот е казнет со одземање на шест бодови поради групен тренинг во време на пандемија на коронавирус.

Постојат докази дека ЛАСК Линц пред две недели дури во четири наврати одработил тренинг со сите фудбалери иако според протоколите билo дозволено да се работи само во помали групи.

„Она што го направи ЛАСК е огромен прекршок над целокупното фудбалско семејство. Исто така, мора да се земе во предвид дека фудбалерите треба да бидат пример за населението“ – вака Јоханес Вуцлхофер од Сенатот 1 при Бундеслигата ја правдаше жестоката казна.

Па ЛАСК Линц повеќе не е лидер во првенството на Австрија, и наместо +3 во однос на Салцбург, сега има -3. „Биковите“ практично на подарок ја добиваат титулата.

Фудбалските возбудувања во Австрија треба да почнат на 2. јуни, но прашање е кога точно ќе завршат. ЛАСК Линц веднаш најави жалба, а за исцрпување на сите законоски можности ќе бидат потребни два ипол или три месеци.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе