ПРИМЕРА

Лас Палмас му откина два бода на Реал (ВИДЕО)

Реал Мадрид киксна на гостувањето во Гран Канарија, „Кралевите" во два наврати пропуштија водство и дома се враќаат само со бод

Зинедин Зидан може да жали што неговите избраници одиграа 2-2 и не прокнижија нови три бода.

Реал Мадрид создаде голем број на шанси но стрелците на „Кралевите" немаа своја вечер.

Резултатот беше отворен во 33. минута. Начо пресече една топка, одлучи сам да ја заврши акцијата, неговиот удар беше одбранет но Асенсио налета на одбиената топка и ја затресе мрежата за предност на Реал од 1-0.

Пет минути подоцна, Лас Палмас изедначи. Варан лошо расчисти една топка а Танаусу го матираше Касиља за 1-1.

Во вториот дел, Реал преку Бензема стигна до ново водство, но на пет минути до крајот домаќините го шокираа фаворитот преку Араухо.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе