Претседателот на Барса испрати порака до тренерот

Лапорта со порака до Куман: Во Барса не се важни само резултатите, туку и стилот на игра

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вели дека иднината на Роналд Куман не зависи од резултатот на мечот против Кадиз и вели дека покрај резултатите, многу е важен и стилот на игра.

Столчето на Роналд Куман сериозно е разнишано, стратегот е под силен притисок по поразот од Баерн Минхен и ремито против Гранада.

Се шпекулира дека Барселона веќе бара нов тренер, низ медиумите има многу шпекулации, па ова не му се допадна на Роналд Куман, кој синоќа одби да одговара на новинарски прашања и само прочита кратко соопштение на прес конференцијата.

Претседателот Жоан Лапорта сега ја коментираше иднината на Холанѓанецот и порача дека таа не зависи од резултатот на мечот против Кадиз.

„Иднината на Куман не зависи од резултатот на вечерашниот натпревар. Ние сме со тренерот, тој е тренер на првиот тим на Барселона и сакаме работите добро да се одвиваат за него“ - вели Лапорта.

„Тренерите, не само Куман, се ценат и зависат од резултатите, а во случајот на Барселона, многу важен е и стилот на игра“.

„Во моментов Куман е нашиот тренер и ние сме со него“.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе