Се бара решение за новата сезона

Лапорта се пожали од Ла Лига и строгите правила, Барса не ја крпат ниту 600 милиони евра

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се пожали од Ла Лига и строгите правила за финансиски фер плеј, „каталонците" треба да обезбедат приходи од 600 милиони евра за да имаат поголема слобода при настапот на трансфер пазарот.

Барселона беше силно погодена од ковид пандемијата, приходите драстично се намалија па „каталонците“ имаат проблем при настапот на трансфер пазарот и се ограничени од правилата на Ла Лига, односно лимитот за плати е многу мал.

Жоан Лапорта сега се пожали и откри дека ниту 600 милиони евра приходи нема драстично да ја променат ситуацијата.

„Според Ла Лига, ниту приходи од 600 милиони евра нема да ни помогнат многу кога е во прашање лимитот за плати. Бараме начини како да ја подобриме финансиската ситуација, но Ла Лига наместо да ни помогне, се обидува да ни нанесе штета“ – вели претседателот на Барса.

Неодамна се појавија гласини дека Барселона планира да прибере околу 900 милиони евра продавајќи 30% од ТВ правата како и дел од две компани, но Жоан Лапорта го негираше ова.

„Да, можевме да направиме вакви зделки но се обидуваме да најдеме сценарио кое е во најдобар интерес на Барса, и во моментов не сме нашле такво. Не е точно дека ќе продадеме 30% од ТВ правата на Голдман Сакс. Нашата намера е да продадеме 10% од ТВ правата. Во моментов добиваме околу 165 милиони евра годишно за ТВ правата“.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе