Аргентинецот беше дел од церемонијата

Лапорта официјално стана нов претседател на Барса и испрати емотивна порака до Меси

Жоан Лапорта вечерва и официјално беше промовиран како нов претседател на Барса, откако се заблагодари за довербата, упати емотивна порака до Лео Меси.

Жоан Лапорта пред десет дена убедливo победи на изборите, но официјално беше именуван за нов претседател дури денеска откако го фати последниот воз и достави гаранции до Ла Лига во вредност од речиси 125 милиони евра.

„Само Бог знае што требаше да направам за да дојдам тука“ - го започна Лапорта својот говор со цитат од Јохан Кројф.

„Сакам да му се заблагодарам на в.д. директорот за беспрекорно спроведените избори. Сакам да им се заблагодарам на сите членови кои гласаа, особено оние кои не поддржаам. Му честитам на мојот тим, и тие се заслужни за победата. Пред нас е голем предизвик“.

За јавноста особено привлекува пораката до Лео Меси, кој беше дел од гостите на церемонијата.

„Тука сум за да носам одлуки, и една од нив е да го убедам Лео Меси да остане, тоа ќе ми биде приоритет. Ќе сториме се што можеме да го продолжиме неговиот договор. Тој е најдобриот фудбалер во историјата“.

„Извини Лео, но знаеш колку многу те сакам. Знаеш колку многу те сака Барселона. Доколку Камп Ноу беше полн, сигурно немаше да помислиш на заминување. Без разлика што ќе решиш нема да се налутиме, но ќе се обидам да те убедам“.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе