Наследен нов проблем од претходното раководство

Лапорта на нова мака поради Бартомеу: Доколку не му го продолжи договорот на Куман, ќе треба да му плати 6 милиони

Медиумите од Шпанија откриваат клаузула од договорот на Роналд Куман, доколку не биде продолжена соработката со Холанѓанецот, Барселона ќе треба да го компензира стратегот со 6 милиони евра.

Жоан Лапорта во неколку наврати се пожали дека претходното раковорство влечело многу лоши потези па затоа клубот е во голема финансиска криза поради која сега им се врзани рацете при настапот на трансфер пазарот.

Еспорт3 сега открива нова лоша одлука на Жозеп Мариа Бартомеу, поранешниот претседател на Барселона вметнал клаузула во договорот на Роналд Куман според која стратегот ќе добие компензација од 6 милиони евра доколку не му биде продолжена соработка во сезоната 2022/23.

Се верува дека токму финансиите се една од причините зошто Жоан Лапорта има големо трпение со Роналд Куман и тешко се одлучува да му врачи отказ. Некои извори пренесуваат дека еден ваков чекор ќе ги чини „каталонците“ 12 милиони евра, додека пак Еспорт3 шпекулира со сумата од 13-14 милиони евра.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе