Претседателот на Барса одговори на провокациите од Минхен

Лапорта до Баерн: Проверете си ги сметките, да видите колку пари добивте за Левандовски

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одговори на провокациите од Германија дека „каталонците" немаат пари, вели дека очигледно во Баерн Минхен не се добро информирани.

Барселона има долг од преку 1,3 милијарди евра, па се појавија гласини дека Баерн Минхен се сомнева во ликвидноста на „каталонците“ и стравува дека тие нема да можат да го платат трансферот на Роберт Левандовски.

Откако Полјакот пристигна на Камп Ноу, Жоан Лапорта реши да одговори на провокациите од Германија.

„Баерн слободно може да си ја провери сметката, добија голема сума на пари за трансферот на Левандовски“ - вели претседателот на Барса.

„Очигледно не се добро информирани, веќе свртевме нов лист. Барселона има преку 120 години историја и имот кој вреди многу. Вреди многу повеќе од имотот на другите клубови“.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе