Клубот од Франција ќе добие и 20% од следниот трансфер

Лани го донесе за без пари сега му го продава на Милан за 35 милиони евра, одлична зделка на Лил

Неколку извори од Франција доцна вечерва пренесоа дека Милан го договорил Рафаел Леао од Лил, „росонерите" ќе платат 35 милиони евра за младиот Португалец.

Рафаел Леао минатото лето пристигна во Лил за без пари откако му истече договорот со Спортинг, и по само 12 месеци прави голем трансфер.

Со добрите партии го привлече вниманието на неколку клубови, а Милан загриза најсериозно.

Неколку извори од Франција доцна вечерва пренесоа дека „росонерите“ со Лил го договориле трансферот на младиот Португалец.

Л’Екип и Радио Монте Карло објавија дека двата клуба си подале рака за зделка од 35 милиони евра. Лил исто така ќе добие и голем процет (се шпекулира за 20%) од следната продажба на играчот.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе