Карма

Лампард тоа што го кажа за Вилаш Боаш, сега него му се случи

По отказот кој го доби Лампард, дел од медиумите се потсетија на неговата изјава дадена како фудбалер по отказот на Андре Вилаш Боаш од Челси.

Во 2011 година Андре Вилаш Боаш седна на клупата на Челси, но во март 2012 година доби отказ. Се пишуваше и дека дел од фудбалерите намерно играат лошо сакајќи Португалецот да добие отказ.

Тогаш Лампард како еден од клучните играчи на Челси го негираше тоа, но рече дека можеби Вилаш Боаш е премлад за работата и таа му е дадена прерано.

„Фудбалерите немаат удел во неговото отпуштање, тој ги одигра своите карти и не функционираше. Можеби беше премлад и можеби оваа работа дојде прерано за него“, изјави тогаш Лампард.

Истите овие зборови кои тогаш ги кажа Лампард како фудбалер, сега може да се пресликаат и за неговиот отказ, изгледа како кармата да го удри англискиот стратег.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе