Челси

Лампард објаснува какво влијание има Мурињо врз неговата тренерска кариера

Во пресрет на големото дерби меѓу Челси и Ливерпул, Френк Лампард зборува за влијанието на Мурињо врз неговиот стил на тренирање на фудбалерите. 

Челси лошо ја почна сезоната со убедлив пораз од Манчестер јунајтед, но како таа одминува сините се се подобри и подобри. Младите играчи на Челси се импресивни и ги освојуваат симпатиите. Многумина сметаат дека Лампард е вистинскиот тренер за Челси и дека тој од овој тим во период кога имаат трансфер забрана го вади максимумот.

„Имам влијание од сите тренери за кои сум играл, но веројатно најмногу од Жозе Мурињо", вели Лампард.

„Тој беше тренер во момент од мојата кариера кога перформансите и психологијата ми стануваа подобри, ми даваше многу самодоверба и на мене и на целиот тим".

„Па јас се обидувам да бидам таков со моите играчи сега, се обидувам да имам личен однос со нив со кој сакам секој ден да ги правам подобри, да им помогнам да бидам посамоуверени и да разберат што им треба за да напредуваат како играчи".

„Па имам земено многу од Жозе, но не сакам да бидам копија, не се обидувам да бидам Жозе, туку јас сум своја личност".

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе