Премиерлига

Лампард ќе почека за прва победа, Лестер со брилијантно второ полувреме до бод во Лондон (ВИДЕО)

Челси одигра одлично во првите 45 минути и на пауза замина со предност, но Лестер со брилијантно второ полувреме стигна до бод на Стемфорд Бриџ иако можеше и до цел плен.

Во претпоследниот натпревар од 2. коло во Премиерлигата, Челси и Лестер ги поделија бодовите играјќи 1-1.

„Сините“ беа одлични во првото полувреме, поведоа рано во 7. минута кога Маунт украде една топка од Ндиди во опасната зона и погоди за 1-0. Избраниците на Лампард потоа креираа уште неколку добри шанси, но на пауза заминаа со минимална предност.

Второто полувреме сепак донесе поинаква слика. Лестер заигра далеку подобро а Челси се мачеше. Гостите изедначија преку Ндиди во 67. минуга, фудбалерот од средниот ред се снајде најдобро по еден корнер и ја затресе мрежата на Кепа.

„Лестер“ потоа можеше и до цел плен, имаше неколку прилики, но на крајот двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.

На вториот денешен натпревар, Шефилд јунајтед со 1-0 го победи Кристал Палас. Творец на победата беше Лундстрам на почетокот од второто полувреме.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе