„Сините“ ќе тргнат во офанзива

Лампард ќе добие 150 милиони фунти за засилувања во јануари, веќе е составена листа со желби

Медиумите од Англија пренесуваат дека Френк Лампард ќе добие 150 милиони фунти за засилувања во јануари откако Судот за спортска арбитража ја прифати жалбата и ја намали казната изречена од ФИФА.

„Сините“ добија забрана за регистрирање на нови играчи во два трансфер периоди пореди прекршување на правилата на ФИФА за ангажамн на играчи помлади од 18 години. Сепак, казната е преполовена откако Судот за спортска арбитража ги прифати аргументите на Челси па клубот од Стемфорд Бриџ ќе може да пазари во јануари.

Според пишувањата на Телеграф и Дејли Мејл, Френк Лампард ќе добие 150 милиони фунти за засилувања во зимскиот преоден рок.

Се шпекулира дека на агендата ќе биде ангажман на нов дефанзивец, нов лев бек, ново крило и нов напаѓач.

Како потенцијални цели се посочуваат Бен Чилвел од Лестер, Нејтан Аке од Борнмут, Вилфред Заха од Кристал Палас, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, Муса Дембеле од Лион и Тимо Вернер од РБ Лајпциг.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе