Донесена е одлука

Лампард добива отказ, Томас Тухел ќе биде нов тренер на Челси

Англиските медиуми тврдат дека Френк Лампард веројатно уште денеска ќе добие отказ, а нов тренер на лондонскиот тим ќе биде Томас Тухел. 

Раководството на Челси донело одлука да се раздели со Френк Лампард. Тој 19 месеци беше на кормилото, но резултатската криза од последниот период му пресуди.
 
Одлуката се очекува да биде официјално соопштена во текот на денешниот ден.
 
Се пишува и дека следен тренер на Челси ќе биде Томас Тухел, наводно двете страни веќе си подале рака за соработка.
 
Челси во моментов е на деветото место на табелата со дури шест порази и пет нерешени меча од 19 одиграни натпревари.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе