Арсенал со победа ја заврши 2020, избраниците на Артета вечерва славеа против Брајтон со минимални 0-1. Мечот го реши Александре Лаказет, Французинот влезе во второто полувреме, на теренот помина 21 секунда и со првиот допир ја смести топката во мрежата.
Звучи неверојатно, но ова беше прва лигашка победа на „топчиите“ кај Брајтон по 1981 година.
На останатите мечеви од 19 часот, Барнли со 1-0 го победи Шефилд јунајтед, Саутемптон одигра 0-0 против Вест Хем, а Лидс со 0-5 славеше кај ВБА. На тој натпревар стрелец беше и нашиот Алиоски.