Лига на шампиони

Лајпциг го победи Тотнем во Лондон, Аталанта направи крупен чекор кон четвртфинале (ВИДЕО)

Лајпциг го шокираше Тотнем на негов терен победувајќи го со 1-0, Аталанта со убедливи 4-1 ја победи Валенсија и креираше огромна предност во пресрет на реваншот. 

Тотнем не успеа да ја искористи предноста на домашен терен, загуби од Лајпциг со 1-0. Мурињо има проблеми со повреди, но тоа не е оправдување за денешниот пораз.
 
Лајпциг беше подобар во најголемиот дел од натпреварот, но не успеваше да создава многу шанси, Тотнем изгледаше немоќно.
 
Клучниот момент се случи во 56. минута кога Бен Дејвис направи прекршок за пенал. Сигурен од белата точка беше Тимо Вернер, постигна гол за победа од 1-0.
 
Само четири минути подоцна Лајпциг пропушти фантастична шанса за поголемо водство, Шик биеше од идеална позиција, но Лорис го одбрани неговиот удар.
 
Најголемата прилика за Тотнем ја имаше Ло Селсо кој шутираше одлично од слободен удар, голманот на Лајпциг ја одбрани топката која удри и во стативата од неговиот гол.
 
Тотнем ќе има тешка задача во реваншот, не само поради резултатот, туку и поради безидејната игра која ја покажа денес.
 
 
За разлика од Тотнем, Аталанта максимално ја искористи предноста на домашен терен и ја победи Валенсија со 4-1.
 
Хатебур ја отвори и ја затвори серијата погодоци за Аталанта, а по еднаш прецизни беа Иличиќ и Фрулер. 
 
Единствениот гол за Валенсија кој носи каква таква надеж, беше дело на Черишев.
 
Шпанскиот тим треба да направи чудо во реваншот за да ја анулира негативата од три гола и да помине во четвртфиналето.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе