Серија А

Лацио со гол во 95. минута се спаси од пораз против Јуве и го завери местото во Лига Европа (ВИДЕО)

Јувентус и Лацио одиграа 2-2, во меч со емотивно значење за домаќините поради заминувањето на Кјелини и Дибала, а резултатско за гостите кои немаа заверено настап во Европа. 

Кјелини и Дибала за последен пат играа на стадионот на Јувентус како членови на овој клуб, ова беше меч за збогум со навивачите. Двајцата со многу емоции беа испратени, добија стоечки овации од гледалиштето.
 
Но од резултатски аспект овој меч за Јуве немаше никакво значење, а на Лацио му требаше бод за да го завери пласманот во Лига Европа.
 
Јуве имаше одлично прво полувреме, Влаховиќ даде гол за 1-0 во 10. минута, а во 36. минута Мората погоди за 2-0.
 
Но, во вториот дел работите не беа по желба на фановите на Јуве. Во 51. минута Алекс Сандро си постигна автогол и намали на 2-1.
 
А кога сите очекуваа крај, Сергеј Милинковиќ-Савиќ одлично се снајде и од тешка позиција реализираше за конечни 2-2.
 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе